Холандската амбасада попладнево ја демнатира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна Македонија.

Претходно, бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, јави дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучиле кон ветото. Весникот потсети дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, напишал на „Фејсбук“ дека Бугарија има поддршка од уште најмалку две членки на Европската Унија.

извор: Makfax