Хозе Мухика, кого некои нагалено го викаат Пепе, беше претседател на Уругвај од 2010 до 2015 година, а граѓаните ширум светот поранешниот претседател го засакаа откако медиумите објавија серија текстови за неговите несебични дела.

На пример, Мухика минатата година изјави дека ќе прими стотина деца кои останале без своите домови во Сирија, изјавувајќи дека “тоа е само капка во морето, но дека секој напор на секоја држава е многу важен”. Тој предложи бегалците да се сместат во претседателската летна резиденција, една вила покрај река опкружена со ливади, објави АП.

Освен сириски бегалци, Мухика одлучи во Уругвај да прими и некои затвореници од Гвантанамо оти смета дека Гвантанамо е срамка дамка во американската историја.

-Тоа не е затвор, тоа е кафез полн со киднапирани луѓе. Тоа е срамота, коментираше Мухика.

За неговите дела е зборувано многупати, а ако имате можност погледнете го делот од документарецот од 47-те секунди во кои зборува Мухика. Зборува за “вистинската цена на нештата”. Документарецот за само неколку дена на Јутјуб е гледам повеќе од 3,5 милиони пати.

Мухика во кусото видео зборува за парите, а многумина неговата изјава ги натера да се замислат.

-Самите создадовме планина од непотребни потреби. Купуваме ново, го фрламе старото. Тоа е залудно трошење на нашите животи. Кога нешто ќе купиме ние тоа не го плаќаме со пари. Го плаќаме со часови од нашиот живот кои сме ги потрошиле за да ги заработиме тие пари. Разликата е во тоа што животот е единственото нешто што не може да се купи. Животот само станува покус. И жално е кога човек така си го троши животот и слободата, вели Мухика.

[video:https://youtu.be/4GX6a2WEA1Q width:650 align:center]