Веста за именувањето на Хловерка Новак-Срзиќ на местото уредник на Информативната програма на ХТВ,предизвика различни коментари во јавноста, особено странската. АП и “Хералд трибјун” ја поврзуваат со десничарските и националистичките струи во ХДЗ од времето на Туѓман, но и забележуваат и за недостиг на објективност при известувањето. Се наведува дека Хло често била на мета на критиките поради своето отворено поддржување на политиката на ХДЗ кога на чело бил Туѓман, а странката имала националистичка ориентација.