Пред неколку децении, тие се бореа за опстанок секој ден, сега треба да се мотивираат за живот. РТ ги слушаше болните сеќавања на двајца Германци кои беа сместени во згрижувачко семејство на познати педофили од страна на берлинските власти.

Минатиот месец, грозоморниот извештај од германскиот универзитет „Хилдесхајм“ откри дека Берлинскиот сенат организирал план според кој ранливите деца со децении биле оставани под грижа на добро познати педофили.

Тоа беше дел од ужасниот „експеримент“ на контроверзниот сексолог Хелмут Кентлер, чии изопачени учења тврдеа дека сексуалниот контакт со возрасните не им штети на децата. Педофилите кои се грижат за нив само ќе ја „еманципираат“ нивната „сексуалност“, изјавувал Кентлер постојано преку своите тврдења, во безброј книги и на ТВ.

Тој ја стекна славата на „прогресивниот визионер“ и стана миленик на левичарските политичари, вклучувајќи го и градоначалникот на Западен Берлин, Вили Брант, кој подоцна стана германски канцелар.

Две жртви на „експериментот“ на Кентлер, идентификувани како Марко и Свен, за РТ изјавиле дека се наоѓале во ситуација како да се „изложени на продажба“.

Нивниота иден старател, Фриц Х., откако стана познат во германските медиуми, бил љубезен и „се обидел да ги освои“ кога за прв пат се сретнале, како ловец кој не сака да го исплаши својот плен.

Се чинело дека е пријателски расположен, за разлика од тоа штонавистина бил.

Тогаш се рабоешее за тоа дали тој сакаше да не однесе или не. Тие не не прашаа, мораше да одиме, рече Марко.
За него, долгогодишниот кошмар започнал во болницата каде за прв пат го запознал Фриц, кого Кентлер го опишал како „експерт за нега на деца“.

Бев со него еден месец подоцна. Јас дури и не знаев дека ме испратија таму, откри тој.
Момчињата исто така не знаеле дека човекот е всушност осуден педофил кој живеел сам во Западен Берлин. Неговите криминални досиеја не ги спречиле властите за социјална заштита на младите во неколку наврати, меѓу раните 1970-ти и 2003-та година, да стават ранливи деца под негова грижа.

Жртвите на Фриц, стари околу шест или седум години, претрпеле неискажливи ужаси. Неколкумина биле сексуално малтретирани и силувани, а едно момче со попреченост починало под негова грижа.

Марко и Свен рекоа дека животот со педофил е „секојдневна битка за опстанок“. „Тотален психопат“ злонамерно ќе ги искористи нивните најголеми стравови за да ги принуди да прават „работи што не би ги правеле инаку“.

Како на пример, „Ако не, ќе се вратиш во сиропиталиштето“, или „Ако не го направиш тоа што го сакам, можеш повторно да јадеш ѓубре од канта“.