Александар Џераси, син на Изабела, снаата на Гислејн Максвел, постигна брз напредок во својата политичка кариера во Стејт департментот, откако Хилари Клинтон го воведе во орбитата на Бирото за блискоисточни работи во 2008 година.

Тоа беше времето кога педофилот Џефри Епштајн прв пат преговараше со канцеларијата на обвинителството во Флорида, да се изјасни за виновен за проневера и сексуална злоупотреба на малолетни лица, а „Дејли Блист“ во своето издание од петокот, шпекулираше дека напредокот на Џераси има врска со она што сега починатиот Епштајн го призна за негова вина.

Гислејн Максвел во моментот се наоѓа во затвор на Менхетен во очекување на судењето како Мадам Џефри Епштајн и „виновникот“ за сите негови перверзии. „Дејли Блист“ ја разгледува одлуката на Хилари, дека ненадејно го пренесе Џерасис, кој работел во седиштето до 2008 година, на одговорна позиција во една од најчувствителните области на извршниот апарат на Обама. Практично, еден дечко од факултетот без никакво искуство беше почестен со висока позиција во Стејт департментот да „работи директно на Арапската пролет“. „Тетка“ Хилари го испрати Алек како американски претставник во емигрантските бунтовнички групи „Пријатели на Либија и пријатели на сирискиот народ“, изјавил за „Бист“ анонимен извор, додавајќи дека Гераси имал „специјален третман“.

Актуелен портпарол на Стејт департментот исто така потврди дека Џераси работи на „чувствителни работи“, но тој не може да коментира дали работата е всушност „подарена“ од Клинтон.

Весниците, исто така, пишуваат дека една година пред назначувањето на господинот Џераси, поранешното момче на неговата тетка Епштајн се изјаснило за виновно за државното обвинение дека регрутирал девојчиња под 18 години за проституција. Осуден е на 18 месеци затвор.