Суперхикс банда инструментале заминуваат на продолжен викенд и мини-турнеја во Бугарија и Романија, со која ја привршуваат летната концертна сезона. Како дел од овој тур-легг, Хикси затсиноќа настапија во клубот Мајмунарникаа во Софија. Од таму момците заминаа на пат за Романија, каде ќе одржат два концерти. Првиот од нив се одржа вчеравечер во рамки на Буковина Рок Каслл фестивалот во градот Сукаева, а вечерва настапуваат во Букурешт каде што се најавени како главни ѕвезди на саботната вечер од фестивалот Поиана Урбанаа.
Шестчлениот фуриозен состав еуфорично ја стартуваше летната сезона во чии рамки досега имаше повеќе од 15 одлични настапи во земјава и регионот.