x

Хеунг Мин Сон фудбалер на годината во Јужна Кореја

son11111111

По петти пат во кариерата Хеунг Мин Сон, фудбалерот на Тотенхем е прогласен за најдобар во својата родна Јужна Кореја.

Офанзивецот игра во животна форма веќе извесно време, и е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата инаку преполна со ултра квалитетни играчи, па индивидуалните награди за него секако дека не се никакво изненадување.

За него ова е петти ваков трофеј, а претходно беше прогласен и во 2013, 2014, 2017, 2019 и сега еве во 2020.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата