Хесус се вселил кај Мадона
Се шушка дека бразилскиот манекен Хесус Луиз заради Мадона потполно раскрстил со стариот живот и од родниот Бразил се преселил во нејзиниот раскошен стан во Њујорк.
Се чини дека врската долга само три месеци станува се посериозна, барем според написите на британските таблоиди кои тврдат дека Јесус не се дели од поп-ѕвездата.
“Хесус зад себе го остави стариот начин на живот и пријателите. Целиот свет му се испреврте кога ја запозна Мадона. Пред само неколку месеци живееше со мајка му во еден од најсиромашните делови на светот. Сега има поглед на централ Парк и договор со една од најголемите модни агенции на светот”, раскажал близок на Хесус.
Ниту Мадона, наводно, не била каква што била во бракот со Гај Ричи. Почнала да ужива и во готвењето, што е и најнесакана занимација, а со Хесус многу се смеела и често излегувал.