x

Херта со пресврт во вториот дел го доби берлинското дерби со Унион (видео)

pjatek

Берлинските ривали Херта и Унион се соочија вечерва во 10. коло на Бундес лигата. Херта ја однесе победата со 3:1 иако по првото полувреме губеше со 0:1. Авонији го доведе Унион во водство, но набргу потоа Андрих поради груб прекршок доби црвен картон па екипата на Унион играше со фудбалер помалку.

Во вториот дел Пекарик изедначи во 51. минута, а потоа Кжиштоф Пјoнтек со два брзи гола го реши противникот и ја донесе победата на „сино-белите“ од 3:1.

Инаку ова е третра победа на Херта сезонава, додека Унион го запиша вториот пораз.

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата