x

Херта сака уште една „ѕвезда“

Херта Берлин има „опасен“ план кога станува збор за засилувањата на тимот во следниот период. Откако Јирген Клинсман го предводи раководењето на овој тим, бара само познати имиња. Од неодамна е познато дека Клинси во своите редови ги сака Марио Геце од Борусија Дортмунд и Гранит Џака од Арсенал, а сега влегува во мисија за потпис на Јулијан Дракслер од ПСЖ.

Германецот не добива шанса во Париз како што посакува, па од тука веројатно во јануари ќе го напушти тимот. Меѓутоа за неговиот потпис има неколку сериозни кандидати, па тешко може да се очекува дека Херта ќе ја добие битката.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата