x

Херојски чин: Го откачи НФЛ, ќе загуби милиони, само за да лечи болни од Ковид-19!

loren-nfl

Играчот во НФЛ, инаку доктор, стана херој во својата Канада. Имено Лорeн Дуверн – Тардиф (29), намерно ќе ја пропушти наредната сезона во најатрактивниот спорт во САД само за да ги лечи болните од коронавирусот.

Тој завчера ја сооопшти оваа вест, а со тоа ќе загуби 8,5 милиони долари, односно годишната плата. Ќе добие само 150.000 долари од НФЛ, тоа се пари кои ги добива секој играч во НФЛ кој одлучи да не ја игра претстојната сезона.

Лорен во наредната година ќе работи во болница во Квебек, едноставно сака да им помогне на болните од Ковид-19, и со таа негова одлука ги воодушеви сите во својата земја.

Тој вели дека пациентите му се на прво место.

Ова е една од најтешките одлуки кои сум ги донел во својот живот. Сепак морам да ги следам своите уверувања и да го правам тоа што е најдобро за мене. Работата во болницата ми даде понаков поглед кон стресот и пандемијата. Не можам да си дозволам да потенцијално заразувам играчи со кои и против кои ќе играм. Ако веќе ризикувам, подобро е тоа да го правам лечејќи ги моите пациенти“ изјави доктор Лорен, инаку член на екипата на Канзас, кој во минатата сезона стана шампион во НФЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата