x

Хернандез: Ако ситуацијата остане вака комплицирана, си одам од Баерн

hernandez-e1592894194981

Лукас Хернандез по само една година би можел да си замине од Баерн Минхен. Хернандез од Атлетико Мадрид за сума од 70 милиони евра се пресели во Бундеслигата.

Меѓутоа после лошиот старт, го сменија Нико Ковач, а потоа ретко играше кај Ханс Флик, кој донесе тројна круна за „Баварците“.

Затоа Хернандез најавува можно заминување.

„Иако имам уште четири години договор со Баерн Минхен, не исклучувам да си одам ако работите останат комплицирани“, изјавил Хернандез.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата