x

Хендикеп за Бразил пред мечот со Уругвај: Нејмар не може да игра

neymar-richarlison

Бразилската суперѕвезда Нејмар испадна од составот на Бразил за квалификацискиот меч за СП против Уругвај следната недела во Монтевидео.

Фудбалерот на ПСЖ пристигна во својата татковина со повреда и беше јасно дека ќе го пропушти натпреварот против Венецуела во Сао Паоло вечерва, но лекарите на Селесао се надеваа дека ќе го опорават за вториот натпревар со Уругвај во вторник.

„Неговата состојба се подобрува, но не доволно за да биде подготвен за мечот со Уругвај. Затоа решивме да го ослободиме”, изјави докторот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата