Да нема недоразбирање, борењето за кое пишуваме нема врска со борењето какво што ние го подразбираме: слободен или грчко-римски стил, најчесто со влакнести и мускулести лути мажиња, туку, една сосема обратна варијанта, би рекле-празник за очите. Тоа се оние борби, каде што најчесто во рингот се појавуваат убави девојки, убаво развиени моми, кои, во зависност од стилот, се тепаат со перници полнети со пердуви во рингот, па глумат паѓања и боречки зафати, божем се тепаат, а публиката, како нешто навива и паѓа во транс. Но, тоа е дел од американскиот шоу-бизнис кој функционира беспрекорно, а за овие мечеви билетите се распродадени со месеци однапред. Американката Кристи Хем (23) е националната “кралица” на борењето, има освоено бројни титули во разни конкуренции, позната е по своите чести гостувања во ТВ-сериите и филмовите од “Б” продукцијата, членка е на популарниот “Purrfect Angelz burlesque dance team”, а многу чести се нејзините фотосесии за календари, видеоспотови, ја има и во магазините како “Максим”, “Стаф” и “Ролинг Стоун”. Кристи, деновиве, ги израдува своите бројни фанови, позирајќи за најновото издание на американскиот култен магазин “Плејбој” на Хју Хефнер.