Хезболах набавува ракети и оружје и покрај долгогодишните обиди на Израел да ги прекине каналите за снабдување во Сирија, рече лидерот на движењето во Либан, Сајед Хасан Насралах.

Тој посочи дека Хезболах ќе дојде во посед на прецизни ракети и оружје, без оглед на тоа што Израел прави се за да ги прекине каналите за снабдување.

Хезболах претставува шиитска проиранска паравоена организација, создадена во 1982 година како одговор на упадот на Израел во јужниот дел на Либан. Во Граѓанската војна во Сирија учествува на страна на Алавитите, кои исто така се дел од Шиитите.

извор: Makfax