x

ХЕГЕМОНИЈА: Сари по патот на Конте и Алегри, Буфон „лапна“ 10-та титула, Јуве е уникат во Европа…

juve-slavi

Во Италија ништо не се промени. Деветта сезона едноподруго, шампионот има исто име – Јувентус. За разлика од минатите години, оваа е првата титула под водство на третиот тренер во шампионската ера на „бјанконерите“, Маурицио Сари. Тој е третиот по Конте и Алегри кој ја продолжи хегемонијата на „Старата Дама“.

Во првенство прекинато поради пандемија, со ривали (Интер, Лацио, Аталанта) кои само на моменти се закануваа, титулата беше резултат на доминацијата во директните судири: две победи со Интер, една со Лацио, четири бода против Аталанта. Ова е одговорот на прашањето, зошто Јуве и оваа година е прв. Тука, секако, беа и неверојатните Дибала и Роналдо. Пауло го постигна голот на сезоната (оној слалом против Интер), а Кристијано постигна 31 гол и се уште има шанси да биде најдобар стрелец во Серија А сезонава. Да не беа неговите голови, Јуве би имал 28 бода помалку, но тоа е само математичка игра. Сепак, рака на срце, нема друг човек во Јуве кој може да влијае така на тимот како Роналдо.

Ова е сезона за паметење и за повратникот Буфон. Имаше само осум старта во Серија А, но сосема доволен удел во ова Скудето за да може да каже дека му е рекордно 10-то во Италија. Се уште зад себе ги држи Бонучи и Киелини кои имаат по девет шампионски пехари во италијанското калчо.

На крај, Јувентус е единствениот тим од петте најсилни национални првенства на Стариот континент по бројот на титули низ историјата – 36. Зад него „каска“ и новиот шампион на Шпанија, Реал (М) кој стигна до бројката од 34, како и Баерн (М) кој сезонава дојде до 30-тиот шампионски пехар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата