x

Хаџиевски „гази“ во ОАЕ, Емирејтс дојде до шестиот триумф по ред и стигна до врвот на табелата

Искусниот тренер Ѓоко Хаџиевски одлично ја стартуваше мисијата во Обединетите Арапски Емирати, откако со неговиот тим Емирејтс дојде до шестиот триумф по ред, и со тоа му припаѓа врвот на табелата во Дивизија 1 во оваа земја.

Тимот на Хаџиевски од 10 меча има седум победи и три ремија, односно го стартуваше првенството со победа и три нерешени, а потоа стигна и одличната серија.

Заедно со Хаџиевски во стручниот штаб се Коки Аврамовски и Филип Деспотовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата