Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, напиша денес на „Твитер“ дека е благодарен што шведската тинејџерка Грета Тунберг протестира против климатските промени.

На годишнината од првиот протест на Грета Тунберг пред шведскиот парламент Мас објави дека таа се занимава со најголемата криза на човештвото.

Тој напиша дека 16-годишното девојче со своите акции покажува што може да се направи во демократија, пренесува АП.

Кампањата на Тунберг, која почна на 20 август минатата година, инспирира десетици илјади студенти во Европа и пошироко да одржуваат неделни протести повикувајќи ги лидерите на земјите да се занимаваат со глобалното затоплување.

Швеѓанката во моментот со едрилица патува во Њујорк на конференцијата на ООН за климатски промени.

извор: Makfax