x

Хајдук ќе бара помош и од Папата!

hajduk-nova

На некогашниот гигант од Сплит, на гордоста на Далмација, никако не му оди во последните 15 години. Од 2005 година па наваму не може ниту да ја “помириса“ титулата во ХНЛ покрај Динамо, па и Ријека. Се менуваат раководствата и тренерите како на филмска лента, но резултатите никако да дојдат.

Па токму затоа сплиќаните се свртеа кон црквата. Имено пред неколку дена првиот човек на Хајдук, Лукша Јакобушиќ, го посети надбискупот сплитско – далматински Марин Баришиќ, каде се задржа во неколку часовен разговор. Станало збор за важноста на Хајдук во целата регија на Далмација, па и пошироко.

На оваа средба првиот човек на Хајдук побарал од надбискупот да им овозможи и средба со Папата Франциск.

До толку догорела работата воХајдук.

Кога не можат да победуваат на зелениот терен, сметаат дека некој друг ќе им помогне.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата