Искусната Норвежанка ќе игра во клуб кој е во непосредна близина на нејзиниот роден град каде живее со семејството. Во Сторхамар настапува и сестрата на Хајди, Лисе Локе, а тренер во тимот е нејзиниот партнер Арне Стенстад.

Таа ќе ја пропушти оваа сезона и ова лето по втор пат ќе стане мајка, сега нејзиниот фокус е на семејството и затоа таа одби неколку финансиски примамливи понуди од најдобрите европски тимови.

Имавме продуктивни разговори со клубот и одамна ја донесов мојата одлука. Имав понуди од Норвешка, но и од странство. Сега не ми се важни парите. Секако дека ќе биде интересно да се натпреваруваме за титулата во Норвешка, тоа треба да биде нашата амбиција но исто така треба да размислуваме и за настап во Европа.- истакна Локе.