Претседателот на Косово Хашим Тачи, веќе неколку дена дава изјави дека очекува “корекција на границите со Србија“ без притоа да објасни детали околу тој процес. Од друга страна српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека е неопходно трајно решение на косовскиот проблем кој ја мачи Србија сто години, и дека тој ќе се труди Србија да го даде она што мора а да го добие она што се може. Во српската јавност ова се толкува како подготовка на јавноста за признавање на косовската државност, само – под кои услови? Дали е доволна компензација за Србија добивањето на дел од северно Косово, оној кој гравитира во и околу Митровица.

Последната изјава на Хашим Тачи која ја пренесува порталот Коха.нет е дека тој, Тачи, очекува припојување на Прешевската долина кон Косово. На забелешката дека е во сила изричен став на Европската унија деке нема да се дозволи и поддржи промена на граници, Тачи објаснува дека “доколку двете страни се договорат тоа е согласно меѓународното право, и тоа не може да го спречи никој, ниту ЕУ ниту САД“.