x

Хари Кејн величествениот – надмина 200. гола во кариерата! (видео)

Тотенхем славеше со 3:1 против Њукасл на „Сент Џејмс Парк“, а напаѓачот на лондончани Хари Кејн даде два гола и со тоа стигна до бројката 201. погодок во кариерата. Англискиот репрезентативецот до преку 200. клупски погодоци стигна во 350 одиграни натпревари, а го прави единствен зошто му беа потребни најмалку мечеви за толкав број на погодоци.

На пример на Роналдо му беа потребни 379 натпревари, на Агуеро 396, а на Тиери Анри 439 натпревари.

Првиот гол Кејн го постигна во дресот на Лејтон Ориент во јануари 2011 година против Рочдејл. Тогаш иако беше член на Тотенхем, играше како позајмен за Лејтон, а погодокот го постигна на дебито.

Подетално Кејн дал пет гола за Лејтон, девет за Милвол, два за Лестер, а 185 за Тотенхем.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата