На официјалниот профил на кралското семејство пред два дена објавена е среќна вест, Принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркел чекаат принова. Веста го одушеви светот, а Британците веќе вложуваат пари по кладилниците на некое од имињата кое бебето ќе го има. Некои од можните имиња се Алис, Артур, Филип, Викторија Дијана.

Опкладата за името е стара англиска традиција со што Британците вложиле доста пари на некои од можните имиња.

Детето на Меган и Хари веројатно нема да носи титула принцеза или принц поради правилата од 1917 година.

Спрема правилата принцот Џорџ V, број на членови кои можат да добијат титула принц или принцеза е ограничен. Имено детето на принцот Хари е предалеку во семејната лоза за да ја добие оваа титула, меѓутоа кралицата Елизабета би можела тоа да го промени, но се уште ништо не е сигурно.