x

Харден и Вестбрук го уништија Феникс

Нова, импресивна партија на Џејмс Харден и Расел Вестбрук, кои искомбинираа 77 поени и го водеа Хјустон до победа на гостувањето кај Феникс, 139:125.

Харден натпреварот го заврши со 47 поени, додека Вестбрук имаше 30, додека Кели Обре постигна 26 поени за Феникс.

„Брадата“ на овој меч се искачи на четвртото место на вечната листа со постигнати +40 поени по натпревар (вкупно 89 натпревари) и сега е зад Коби Брајант (122), Мајкл Џордан (173) и Вил Чемберлејн (271).

Најдобриот тим во лигата во моментов, Милвоки лесно го победи Њујорк, 123:102. Мидлтон имаше 23 поени, додека Антетокумпо запиша трипл-дабл, 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – Атланта        122:112

Детроит – Чикаго           107:119

Филаделфија – Вашингтон        125:108

Њујорк – Милвоки        102:123

Мемфис – Сакраменто                119:115

Сан Антонио – Л.А. Клиперс     109:134

Феникс – Хјустон            125:139

Портланд – Минесота 113:106

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата