x

Харден го одби најголемиот договор во историјата, Богдановиќ и дефинитивно кај Јанис во Милвоки!

harden

Нема веќе дилеми, Џејмс Харден е решен по секоја цена да си оди од Хјустон. Тоа е веќе јасно откако тој го одби најголемиот договор во историјата на НБА, односно 50 милиони долари по сезона. Тоа нешто пред него никој го немал, па ни Леброн Џејмс. Хјустон на Харден му нуди 103 милиони за две години, а овој ладно одби. Се шпекулира дека тој сака да се пресели во Бруклин Нетс кај што го чекаат Ирвинг и Дурент. Тоа е тоа трио кое ќе ја нападне титулата во НБА.

Богдан Богдановиќ е трејдуван од Сакраменто во Милвоки, кај Јанис Антетокумбо. Заедно со него во Милвоки оди и Џастин Џејмс, а во спротивен правец заминуваат ДиВиченцо, Илјасова и Вилсон.

Се чини дека и Милвоки, ако Гркот остане, ќе има уште посилен тим од минатата сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата