Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека таските за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина се воведени како притисок двете земји да го признаат Косово и подвлече дека не се насочени кон народите на овие земји.

„Сакаме признавање од Србија по овој потег. Тие имаат потреба од нашиот пазар, а ние за признавање. Истовремено сакаме да и олесниме и на Босна и Херцеговина да донесе одлука за признавање на Косово, затоа што немаме отворени прашања со Босна и не сакаме да ги повредиме со оваа одлука“, изјави Харадинај.

Говорејќи за таските од 100 проценти, што Косово ги воведе врз Србија и Босна и Херцеговина, Харадинај рече дека Босна е земја која заслужува почит и партнерство со Косово.

извор: Makfax