Зборувајќи за претседател, Харадинај повторно јасно ставил до знаење дека, доколку не се постигне единство внатре во политичките партии по прашање за претседател на Косово, ќе излезе на нови избори.

Лидерот на АБК Рамуш Харидинај рекол дека институциите на Косово не смеат да бидат рамнодушни спрема фактот дека против лидерите на ОВК подигнати се обвиненија во Хаг, пренесува Репортери.

Тој го критикувал коалиционот партнер, актуелниот премиер Абдулах Хоти, велејќи му дека не треба да држи предавање за тоа дали се меша во правда, туку дека треба да ја “факторизира положбата на Косово после неодамнешните настани“.

Зборувајќи за прашање на претседател, Харадинај повторно јасно дал до знаење дека доколку се постигне единство внатре во политичките партии по прашање за претседател на Косово ќе излезе на нови избори.

“ДСК и ние пристапивме кон преземање на обврски во ова време на предизвици. Ако не постои разбирање од другите, не само од владеечките партнери, туку и од Самоопределување или ДПК  ако не, тогаш одиме на избори“, рекол Харадинај, пренесува Косово онлајн.