Косовскиот премиер Рамуш Харадинај објави дека од Нова Година нема да има физички пречки на границата на Косово и Албанија, пишува приштински „Зери“.

Овие медиуми објавија дека надежта на Харадинај се базира на разговори и планови со албанскиот премиер Еди Рама.

„Зери“ потсетува дека Харадинај претходно во интервју кажал дека кога патувал во Тирана чекал половина час за да влезе во Албанија и половина час за да влезе во Косово.

Според изјавата на новинарите дека „во сите други земји на ЕУ нема граници и дека границите остануваат само урнатини од минатото” и прашањето што Приштина ќе стори за да ги отстрани, Харадинај рече дека тој и премиерот Рама и другите негови колеги зборувале за отворање на границата некаде на преминот од една година во друга.

извор: Makfax