Поранешниот косовски премиер и командант на таканаречената УЧК, Рамуш Харадинај, од вчера е во Хаг каде што треба пред Трибуналот да му се суди по 37 точки за злосторстав направени врз српското и ромското населени во Косово. На испраќањето на аеродромот во Приштина, покрај членовите на семејството, присуствуваа и стотици негови приврзаници. Процесот против Харадинај почна во март 2005 година, кога тој по сите точки од обвинението се изјасни за невин.