Според информациите кои до хрватските медиуми ја испратила владата во Загреб околи 23 часот, во земјата до 22 часот влегле над 11 илјади мигранти.

Српскиот министер за труд и социјални работи, Александар Вулин, во четвртокот рече дека Хрватска не смее да ги затвори границите и меѓународни линии и најави дека, во спротивно, Србија ќе бара заштита во меѓународните судови.

“Сакаме да ја предупредиме Хрватска и која било друга земја дека не е опција затворање на меѓународниот пат и дека ќе ги штитиме своите економски и други интереси пред меѓународните судови”, рече Вулин на Хоргош, како одговор на денешната најава од Загреб дека Хрватска ќе ги затвори своите граници.

Фото: Јутарњи.хр

Словенечката полиција во четвртокот рече дека ќе врати во Хрватска околу 150 мигранти во воз задржан на железничката станица Добова на словенечката страна на границата.

Овие 150 луѓе не ги исполнуваат условите за влез во Словенија, а се отстранети од возот, соопшти словенечката полиција.

Група од околу 20 имигранти се обиделе да влезат во Словенија во близина Брегана – словенечко село, но биле спречени од граничната полиција на Хрватска и состојбата сега е мирна.