Уште од рано утрово автомобилски колони се упатија од Скопје кон Охрид. Вака изгледаат и наплатните рампи на автопатот кон Гостивар во моментот, а слична слика има во текот на целото утро.

Се очекува илјадници граѓани да го искористат викендот на охриско-струшките плажи.

Во меѓувреме патарините кон Дојран се празни, но и покрај тоа, дојранските хотелиери информираат дека комерцијалните сместувачки капацитети во сите хотели на дојранскиот брег, од почетокот на месецот па најмалку до 10 август, се полни до последно место од домашни гости кои престојот си го резервираа со туристичките ваучери.

Живнато е и во Преспа, каде и преку неделата, во попладневните часови плажите ги посетуваат битолчани, ресенчани, прилепчани…