x

Хаос во Џенова со КОВИД-19, Пандев не е позитивен!

pandev-genoa

Џенова објави дека 14 членови на нивниот клуб се позитивни на КОВИД-19 на тестирањата по мечот со Наполи. Се верува дека позитивни се 8 до 10 фудбалери. Потврдено е дека голманот Матија Перин и играчот од средниот ред Ласе Шене се заразени со новиот коронавирус, додека имињата на другите не се познати.

СПОРТМЕДИА дознава дека меѓу нив не е Горан Пандев. Неговиот тест на коронавирус е негативен. Сите играчи остануваат во карантин и утре ќе има второ тестирање. Да се надеваме дека нашиот капитен нема да има проблем затоа што е многу важна алка во репрезентацијата со оглед дека ни следува дуелот со Косово на 8. октомври во рамките на Лигата на нациите.

„Клубот ги активираше сите процедури и постапува по протоколите пропишани од здравствените власти“, изјавија од клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата