x

Хаос во Хјустон: Харден гаѓал соиграч со баскет

harden

На ден пред почетокот на новата сезона во НБА-лигата доаѓаат изненадувачки информации, кои пак не изненадуваат премногу. Џејмс Харден е бесен и нервозен.

Добро е познато дека тој е распложен да го напушти Тексас после осум години, но ситуацијата налага дека новата сезона ќе ја дочека како играч на Хјустон. Сето ова не мина без проблеми.

Според американскиот портал „The Athletic”, Харден два дена е во казга со соиграчите. Во една ситуација откако вербално се пресметкал со дебитантот Џејсон Тејсом, потоа го погодил со топка…

Најдобриот кошаркар на Рокетс на тренинг кампот дојде седум дена подоцна со намера да замине, но откако тоа не се случи, тој станал нервозен, па атмосферата е многу поинаква, баш пред стартот на новата сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата