Во Ковид-19 центарот при Клиничка болница Тетово се хоспитализирани вкупно 51 лице, сите во тешка состојба и на кислородна поддршка, информираше на денешната прес-конференција, д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-19 центарот.

Според него, овие две недели е најалармантна состојбата со прием на тешки случаи во Ковид-19 центарот при Клиничка болница Тетово од периодот на март и април кога почна епидемијата. Пред три дена имаше 45 лица на болничко лекување. 

-Беше покомотно, но пред две недели се покачи бројот рапидно, знаевме и бевме подготвени. Од март/април направивме централен довод на кислород знаевме дека е круцијално во третман на Ковид пациенти. Без кислород како да не дише пациентот, истакна Нуредини.

Изминава недела речиси секојдневно има и смртни слуачи меѓу хоспитализираните.

-Има за жал и починати и во овие два-три дена имаше по еден-два. Сите биле хоспитализирани сите како тешки случаи, за среќа нема млади, но сите починати се повозрасни што е тешко и за нив и за медицинскиот персонал, рече координаторот на Ковид центарот.

Со оглед на малиот број кревети во Инфективното одделение оспособени за прием на тешките случаи на Ковид-19 пациенти се два ката од зградата каде е Интерно одделение. а