“Спрема нашите сознанија сите казнени пријави против Северина Којиќ се отфрлени, а за новата немаме никакви сознанија“, рекол нејзиниот адвокат.

Пејачката Северина Којиќ години наназад е во сутски спор со бившиот сопруг Милан Поповиќ околу старателството над малиот син Александар. Тие сеуште неможат да се договорат кај кој родител ќе живее детето. Судот донел неправосилна пресуда спрема која детето ќе живее со татакото додека мајката ќе го гледа во договорен термин, со што кај пејачката предизвикало револт.

Пејачката денес добила уште една казнена пријава, од сплитско-далматинската полиција, наводно не го предала детето на бившиот сопруг Милан Поповиќ. “Можеме да ве известиме дека информаијата е точна. Целата собрана документација која е написмено приложена, како и казнената пријава, ќе биде доставена на понатамошно постапување до надлежниот Општински државен адвокат во Сплит, специјализиран за млади, како и известување до надлежниот Центар за социјална грижа“, одговорила полицијата.

Како што се дознава, Северина поради Милан Поповиќ повикала полиција:

“Од страна на женска личност побарано е доаѓање на полиција, полицијата дошла на лице место на настанот, но немало потреба за пристапување“, велат од сплитската полиција.