Лондонската полиција уапси 155 лица кои протестираа против карантинските мерки и вакцините против ковид-19, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите беа уапсени за различни кривични дела, вклучувајќи напад врз полицаец, поседување дрога и кршење на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на пандемијата.

На демонстрантите кои протестираа против ограничувачките мерки им се придружија и групи кои се спротивставуваа на примање вакцини ковид-19.

Според еден полицаец, на протестот учествувале меѓу 300 и 400 лица.

Полицијата соопшти дека им го блокирала патот на новите демонстранти кои сакале да се приклучат на протестите.

Тие најавија дека акцијата ќе продолжи до доцна вечерта и ги поканија сите учесници да се вратат во своите домови.

Мерките за карантин во Англија ќе бидат на сила до 2 декември.