Лондонската полиција уапси 155 лица на протестот против карантинските мерки и вакцините против ковид-19, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите се уапсени за различни кривични дела, вклучувајќи напад врз полицаец, поседување дрога и кршење на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на пандемијата.

На демонстрантите кои протестираа против мерките им се придружија и групи кои се спротивставуваат на примање вакцини  против ковид-19.

Според еден полицаец, на протестот учествувале меѓу 300 и 400 лица.

Полицијата соопшти дека им го блокирала патот на другите демонстранти кои сакале да се приклучат на протестите.

Тие најавија дека акцијата ќе продолжи до доцна вечерта и ги повикаа сите учесници да се вратат во своите домови.

Мерките за карантин во Англија ќе бидат на сила до 2 декември.