На седницата на Нционалниот совет за евроинтеграции е најавено обраќање на Јоханес Хан, комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија, кој денеска ќе биде во посета на Македонија.

Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија имаат иста точка на дневниот ред – Предлог-одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија. Предлог-одлуката е на дневен ред и на денешната 70-та седница на Собранието на РМ.