Еврокомесарот Јоханес Хан на Твитер му ја честиташе победата на Стево Пендаровски на претседателските избори што се одржаа денеска.

„Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија. Со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ-агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни”, напиша Хан.

извор: Makfax