Непосредно пред утрешното доаѓање во Македонија, еврокомесарот Јоханес Хан ја поздрави одлуката за избор на специјален обвинител и додаде дека ова не е крај на приказната и дека има уште многу да се направи. Како што рече тој, ЕУ ќе ја држи Македонија и понатаму на око.

„Јас го ценам и поздравувам фактот дека под олеснување од нас, политичките партии во Македонија успеаја да постигнат краен рок за именување на специјален обвинител и носење на закон за истиот. Тоа беше во пет утрината и дента се усвои потребната легислатива. Тоа е важен чекор и доказ дека европската заедница е блиску до развој на настаните во Македонија, а ние ќе ги следиме понатамошните чекори. Во секој случај, именувањето на обвинителите е важен елемент за нормализација на политичката ситуација во земјата и затоа ова е големо постигнување, јас сум среќен, но ова не е крај на приказната и земјата ќе ја имаме на око за тоа”, потенцира Хан.