По објавата за неочекуваната оставка на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, се огласи и еврокомесарот Јоханес Нан.

„Му благодарам на Никос Коѕијас за неговото докажано лидерство во нашите области на соработка. Сега е клучно да се зачува неговата политичка оставнина, особено Преспанскиот договор“, напиша на Твитер Хан.

Функцијата на Коѕијас ја презеде грчкиот премиер Алексиос Ципрас, за успешно комплетирање на договорот од Преспа.

извор: Makfax