Евро-комесарот за проширување, Јоханес Хан го охрабри премирот Зоран Заев да продолжат реформите во земјата, за време на заедничката средба по 15-от состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација во Брисел.

На средбата беше истакната и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуките коишто се од интерес на Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата, Заев рече дека 15-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Северна Македонија.
Тој потенцираше дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија. Искажа и верување дека за само неколку месеци, Северна Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.

Премиерот Заев на денешната средба со Хан потенцираше дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.

извор: Makfax