Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во интервју за Еуроактив, се осврна и на одговорноста на опозицијата, и изрази сомнеж дека нови избори би донеле двотретинско мнозинство.

„Последиците од бојкотот на опозицијата може да ја уназадат земјата во развојните процеси”.

Хан смета дека на „средни патеки” нови избори може да доведат до ризични одложувања на процесот. Тоа не би му послужило никому, бидејќи не е јасно дали нови избори би донеле двотретинско мнозинство потребно за да се прифати доgоворот за името.

„Дополнително, трпението на Грција има свои граници. Атина досега се однесуваше конструктиво, но и таа има свој политички календар”, ќе заклучи Хан.

Од тие причини Хан бара договорот за името да биде прифатен без одложување.

Во денешен твитер коментар Хан ја повика опозицијата да се однесува државнички и да го поддржи договорот од Преспа.

„Ако не успее во тоа, тогаш ќе мора да одговара за тешките последици за граѓаните на Македонија”.