x

Хановер и Кузмановски ги скротија „лавовите“, РНЛ поразен после 50 дена

screenshot_20201215_213357

Не бадијала Бундес-лигата е една од најсилните лиги, во која фаворити има само на хартија, изненадувањата се составен дел речиси во секое коло.

Потврда за ова е Хановр на Филип Кузмановски. Македонскиот репрезентативец и неговиот тим на домашен терен го најдоа лекот на РНЛ, кој по 50 дена го запиша првиот пораз, беше совладан со 36-30 во рамките на 13. коло.

Хановер одигра одличен натпревар против лидерот, кој го запиша вториот пораз. Првото полувреме мина речиси изедначено, домашниот тим на средината поведе со 13-10, позитива која ја одржуваше до одморот (19-16). Многумина очекуваа дека РНЛ ќе се врати, но тоа не се случи. Хановер поведе со 31-22, а потоа и со двоцифрени 36-26.

Кузмановски постигна два гола сите во второто полувреме, истите ги реализираше од четири обиди, а додаде уште една асистенција.

Хановер го запиша четвртиот триумф сезонава, со четири нерешени и исто толку порази се наоѓа на 12 место на табелата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата