x

Хамилтон: Не ми беше добро, среќен сум што останав жив

hamilton-slavi

Ф1 првакот, Луис Хамилтон ја пропушти трката во Бахреин поради коронавирус, се врати во Абу Даби, но заврши на третата позиција зад Ботас и Верстапен, кој го освои првото место.

Хамилтон отворено зборуваше за Ковид-19, призна дека не се чувствувал добро.

„Уништен сум. Не се чувствувам добро, но среќен сум што останав жив. Живтот е секојдневна борба, во тоа успеав, завршив на падиумот. Ковидот не е шега, никогаш не ни мислев така. Знаев дека во еден момент ќе биде тешко бидејќи постојано умираат луѓе. Знаев дека е сериозно. Морам да се вратам писхички на нивото на кое бев цела сезона. Кога има желба, има и начин“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата