x

Хамилтон на пол-позицијата во Бахреин, негова 98. во кариерата!

Актуелниот шампион Луис Хамилтон беше најдобар во денешните квалификации за Големата награда на Бахреин. Британецот постави време од 1:27.264, а втор беше неговиот клупски колега Валтери Ботас со време 1:27.553.  Трет на гридот ќе стартува возачот на Ред Бул Макс Верстапен, а топ 5 ќе го дополнат другиот возач на Ред Бул Алекс Албон и возачот на Рејсинг поинт Серхио Перез.

Ова е 98. пол-позиција за Хамилтон во кариерата му требаат уште две за јубилејни 100.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата