На стартот на секоја Ф1 трка оваа сезона има „само” 22 болиди, а бидејќи казните не се пренесуваат на следната трка, светскиот шампион едноставно ќе стартува од последното место.

По две откажувања на турбо-уредот и МГУ-Х уредот оваа сезона, беше неизбежно Хамилтон да биде казнет во текот на сезоната, и Мерцедес се решија тоа да го направат на Белгиското ГП, кога Англичанецот доби и нов мотор. Сега со овие казни и промени, тимот сака да направи поголема „база” на делови кои ќе можат да се користат до крајот на сезоната.

„Во недела можам да имам шанса да претекнувам на првата кривина, Ла Сорс, но и на петтата кривила, Ле Комб. Има доста места за претекнување и се надевам дека ќе ги искористам”, изјави Хамилтон.