x

Хамилтон ги демантираше гласините: Не сум завршил се уште, нема пензија

hamilton-rekordi

Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ги демантираше гласините дека размислува да го напушти тимот на Мерцедес или дури и да се откаже од Формула 1 на крајот на сезоната. Големата sвезда на германскиот тим може да го израмни рекордот на Михаел Шумахер и да ја освои седмата титула оваа недела за време на трката за Големата награда на Турција.

„Сакам да продолжам со Мерцедес, тоа е мојата идеја. Ќе му помогнам на тимот во потрагата по промени. Тие сакаат болидите да бидат електрифицирани и јас сум подготвен да помогнам. Сè што размислувам сега е да ја завршам мојата работа оваа година“, рече Хамилтон.

„Мислам дека не сум завршил. Ми се допаѓаат предизвиците и големата промена во правилата ни дава шанса да започнеме од нула и повторно да дојдеме до врвот. Сакам да се натпреварувам, сакам да одам напред“, заклучи Британецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата