Колумбискиот интернационалец од редовите на Реал (М), Хамес Родригез, во следните неколку дена треба да ги договори и последните детали со раководните лица на Манчестер Јунајтед.

Шпанското радио РЦН ја пласираше информацијата дека двата клуба го договориле обесштетувањето за 25-годишниот играч за врска, кое ќе изнесува околу 50 мил. евра, а најавениот трансфер ќе биде комплетиран откако ќе биде одигран последниот натпревар од актуелната сезона во Примера дивизион.

Дека “Олд Трафорд” ќе биде следната дестинација потврди и таткото на Хамес, Хуан Карлос Рестрепо.

Убеден сум дека дојдоа петте минути на Хамес. Повеќе сакам мојот син да биде дел од почетниот состав во некој друг клуб отколку да ја грее резервната клупа на Реал (М), изјави таткото на колумбискиот интернационалец.

Родригез три сезони ги брани боите на “кралскиот клуб#, а пристигна од редовите на Монако за 70 мил. евра.