Турските власти отвориле истрага откако во Измир е хакиран системот за повикување на молитва, па од минарињата на неколку џамии е пуштена италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.

Наместо повикот за молитва, кој се емитува пет пати во денот, во средата ечеше „Бела чао“, а снимката е објавена и на социјалните мрежи.